Маж во Словенија се заканувал дека ќе се разнесе, извикувал „Алах е голем“

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Маж се заканувал дека ќе се разнесе во азил во Вич, Словенија, додека ги изговарал зборовите „Алаху акбар“ (Алах е голем), пренесе N1 Словенија.

Во четвртокот вечерта се случил инцидент пред азилот Вич, кој полицијата го третира како терористички чин.

Наводно, околу 23 часот, двајца мажи дошле пред азилот, а едниот влегол во зградата и се заканил дека ќе се разнесе. Во исто време се известува дека тој извикал „Алаху акбар“, додека во автомобилот го чекал друг маж.

Како што пренесува 24ur.com, се наведува дека мажот е радикализиран Словенец, а на лице место бил уапсен од специјалната полициска единица.

Слични содржини