Едно лице загина, а итните служби синоќа имаа повеќе од 20 интервенции во Шибеник, при што отстрануваа паднати стебла и други препреки, по силното невреме што го зафати хрватскиот крајбрежен град Шибеник.

Оштетени се дваесетина возила.
Еден маж во текот на големото невреме околу 23.30 часот паднал од рибарски брод, а потрагата која е покрената по него заврши трагично. Околу 3 часот, мажот е пронајден мртов во морето.
Невремето откона неколку покриви, а нанесени се големи штети на автомобили д паднати билборди/
На брегот, поточно на шеталиштето уништени се два киосци.