Истражувањето на психолозите од Универзитетот во Грац покажало резултати кои никој не ги очекувал, а се однесуваат за мислењето на мажите и жените за нивните поранешни љубовни партнери.
Во истражувањето биле вклучени 295 учесници, кои имале претходна врска најмалку 4 месеци или веќе се во врска најмалку 4 месеци. Од нив било побарано да искажат мислење во однос на своите поранешни партнери.
Според одговорите, дошле до заклучок дека најголемиот број од машките учесници во анкетата покажале неутрално или наклонето расположение кон поранешната партнерка, а некои дури имале и емоции и се грижеле за неа. За разлика од нив, поголемиот дел од учесничките биле негативно настроени кон поранешниот партнер.
Во ова истражување не биле земени предвид параметрите како тоа каква била врската или кој ја прекинал, дали имало неверство и колку биле повредени.
Со ова, тие дошле до заклучок за феномен во кој жените имаат изразено негативни чувства кон своите поранешни партнери, додека мажите со истото расположение се доста помалубројни. Но, за да може да се донесе општ заклучок, тие планираат ваквото истражување да го спроведат на поголема популација, па дури и надвор од границите на Австрија.