Жените се неверојатно убави суштества. Сè, од формите до начинот на кој се движат, е ценето од мажите.
Но, мора да признаеме дека постојат некои работи кои мажите ги сакаат повеќе од другите.
Тие не се големи гестови и зборови, туку малите нешта кои влијаат, понекогаш дури и несвесно.
Проверивме со мажите, за да разбереме кои се тие работи кои тие навистина ги забележуваат во жените и кои искрено ги привлекуваат кон нив.
1. Кога имате страст за нешто
Многу е сексапилно да видиш дека една жена има страст за нешто. Без разлика дали станува збор за работа, хоби или кауза, да бидете страсно заинтересирани за нешто покажува на мажот дека сте романтични и сакаат тоа да се развие.
2. Кога сте решителни
Изгледа дека во денешно време никој не е решителен. Дури и ако станува збор за обично прашање поврзано со тоа што ќе се јаде денес. Обично одговорите се дека нема значење или дека нема претензии. Ниту едно од тоа не е вистински одговор и дефинитивно не помага. Некој кој може да донесува одлуки, е исклучително сексапилен и привлечен за мажите.
3. Кога се разбирате со неговите пријатели
Девојка која може да се “дружи” со пријателите на мажот е топ приоритет. Нема ништо што ја прави силната половина уште поуверена од тоа да знае дека може да ве остави мирно за малку време сами со неговите пријатели и нема да има никаков проблем.
4. Кога го допирате
Мажите го сакаат допирот, особено кога е со страст. Сакаат да гледаат дека се чувствувате сигурни и заштитени од нив и допирот е начин да се илустрира ова. Без разлика дали ќе се насочите кон рацете, грбот, рамената или градите, секогаш е добро да се покаже физичко внимание.
5. Кога правите да се чувствува корисен
Не можете да постигнете нешто или да отворите напорна конзерва? Сите сакаат да се чувствуваат корисни дури и за малите работи, бидејќи тоа им дава самодоверба и ги тера да се чувствуваат силни.
6. Кога ги носите неговите алишта
Кога ја носите облеката на мажот која ви е доста поголема, тоа е исклучително привлечно. Потсвесно покажувате дека ви е гајле и му верувате.
7. Кога иницирате секс
Се разбира, мажите иницираат секс многу често, но ако ја преземете иницијативата и станете доминантната, тоа многу ќе му се допадне на мажот. Секогаш е добро да се чувствувате сексуално посакуван и мажите не прават исклучоци.
8. Кога ги цените работите кои тој прави
Исто како чувството дека е корисен, секој маж сака да биде ценет. Ако ви донел кафе наутро пред да станете или ве пречекува со вкусна вечера, заблагодарете му. Вистина е дека врските се изградени на реципрочни компромиси, но тоа не значи дека не треба да се заблагодарите.
9. Кога правите нешто што не ви се допаѓа, само поради него
Ова е вистинска демонстрација колку сакате човекот до вас да биде среќен. Токму на овие работи се градат вистинските врски и мажите сигурно ќе ја ценат жртвата.
10. Кога носите кармин
Колку и да звучи чудно, мажите ценат кога сте положиле напори и кога сте си ги нагласиле предностите. Најсексапилните усни се одличен начин да се импресионира посилната половина и паралелно со тоа да ја кренете самодовербата.