Мажите простуваат неверство, жените не

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Мажите полесно простуваат неверство, отколку жените. До овој заклучок дошле научниците од Велика Британија откако направиле анкета меѓу 1.000 корисници на сајт за вонбрачни состаноци Illicit Encounters, пишува “Дејли експрес”.317b2c2dc763a6a0642028ef4c5ec709

Резултатите од истражувањето покажале дека 67 проценти од претставниците на посилниот пол им даваат шанса на партнерите кои им “набиле рогови”.

Според авторите на анкетата, тоа се должи на тоа што мажите полесно ги разбираат мотивите кои ја довеле нивната партнерка кон прељуба.

Најчесто тоа се должи на чувството дека се запоставени. Во исто време жените тешко го надминуваат неверството. Причината е тоа што тие сметаат дека тоа ќе стане модел на однесување кој никогаш нема да заврши.

Од истражувањето се разбира уште нешто интересно, имено дека дамите подобро умеат да ги прикриваат трагите од неверството. Излегува дека повеќе од 50 проценти од жените така вешто се прикриваат што партнерот не може да дознае за нивните афери.

Затоа пак мажите не умеат добро да се прикриваат. Дури 42 проценти од изневерувачите успеале да ја заштитат својата тајна.

А до развод не доаѓа толку лесно. Ако жената си признае и вети дека ќе биде верна, семејството се задржува кај 82 проценти од учесниците во анкетата.

Ако маж си признае, процентите паѓаат до 68.