Мажите со оваа крвна група можат да водат љубов со часови

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Тие уживаат во сè што прават во кревет и можат да водат љубов со часови.

Станува збор за мажи родени со крвна група 0 кои имаат репутација на дарежливи сексуални партнери за кои задоволството на другата страна е од исклучително значење. Понекогаш тие ќе се лишат од сопственото задоволство само за да може другата страна да ужива во тоа уште повеќе.

Патем, групата 0 не е само најчеста крвна група меѓу човечката популација, туку е и најстара – експертите и историчарите истакнуваат дека носителите на таа крвна група биле првите луѓе во светот.

Кога ќе погледнеме во сексуалното задоволство што тие го пружаат, може да се каже дека овој дел од популацијата се смета за дел кој добро се снаоѓа во ситуации кога е потребно логично размислување и расудување, но и дека овие луѓе се најамбициозни, пишува порталот „Nature and society magazine“.

Луѓето со крвна група 0 по природа се оптимисти, одговорни и совесни. Но, тие исто така имаат свои најслаби точки, а тоа се стресот и досадата. Ова ги убива во поимот и понекогаш поттикнува деструктивно однесување. Адреналинот е тоа што ги прави да се чувствуваат живи – колку се поактивни, толку се пополни со позитивна енергија.

Мажите со крвни групи А, Б и АБ имаат поголема веројатност да „потфрлат во креветот“, тврдат научниците од Универзитетот Орду во Турција. Тие тврдат дека мажите со овие крвни групи имаат четири пати поголема веројатност да развијат еректилна дисфункција во одреден момент од нивниот живот.

Велат дека мажите со група 0 се навистина среќни затоа што имаат најмалку шанси да остават жена разочарана по сексот. За споредба, од мажите вклучени во студијата, 42 проценти од оние со крвна група А имале проблеми, а само 16 проценти со групата 0.

Слични содржини