Мажите со оваа особина се подобри во сексот

од desk4
306 прегледи

Постојат многу фактори кои влијаат на љубовната умешност кај мажот и од нив зависи дали  дали интимната врска е добра или лоша.

Според студијата објавена во едно научно списание, една особина покажува дали мажот може да биде добар љубовник. Истражувајќи ја сексуалната историја на жените, експертите се обидоа да откријат со кои партнери имале најдобар сексуален однос и редовно достигнуваа оргазам.

Студијата опфати жени до 69 години кои не се во врска или брак затоа што експертите сметаат дека жените во врска ќе се чувствуваат обврзани да дадат подобар рејтинг на нивниот сегашен партнер дури и ако навистина не ја заслужува. Во 70-минутниот тест, испитаничките одговориле на разни прашања за нивниот сексуален живот, а врз основа на нивните одговори, истражувачите откриле дека имаат најдобри сексуални односи со – хумористични мажи.

Чувството за хумор се покажа како одличен предиктор за сексуалните вештини, бидејќи укажува на тоа дека мажот е опуштен во разни ситуации, вклучително и интимни, што е важно за добра комуникација меѓу партнерите и на крајот на краиштата за добар секс.

Меѓу другите квалитети беше и креативноста. На мажите кои се креативни и во други сфери на животот, полесно им е да ја изразат својата креативност и под чаршафи.
Мажите со овие квалитети покажале поголем интерес за сексуално задоволство на своите партнерки отколку мажите кои не ги поседуваат.

Слични содржини