Парите и визијата не се единствените нешта кои го привлекуваат понежниот пол!

Науката е нешто неверојатно. Таа создава роботи, лекови, органи и други уникатни откритија, кои влијаат не само на здравјето, туку и изгледот. Што може да научите од научниците за заведувањето на една жена? Не е потребно да сте голем пластичен хирург, за да и ‘се допаднете. Наместо тоа користете ги следниве стратегии кои ќе ве напрвата Принцот во нејзините очи:
1. Патувајте со свита
Студија на универзитетот во Сан Диего покажува дека мажите кои се движат во друштвоа се поинтересни за дамите. Ова се нарекува “ефект на навивање” – човекот изгледа попривлечен во група, бидејќи потсвесно дамите ја оценуваат просечната визија на групата и дури помалку атрактивен маж може да изгледа секси, вметнат во вкупната слика.
2. Спријателете се со бебе
Според неодамнешно француско истражување, жените наоѓаат повеќе секси мажи кои демонстрираат мил однос кон мали деца и бебиња. Тие прифаќаат ова како знак дека мажот е подготвен да биде татко што дефинитивно го прави доста привлечен и сигурен за сериозна врска, тврдат научниците.
3. Оставете настрана жилет
Жените им се допаѓа најмногу мажи кои не се бричени во тек на 10 дена, тврдат австралиските научници. Во нивните очи овие господа изгледаат мажествени.
4. Инвестирајте во луксузен автомобил
О, да, едвај се изненадени дека убавиот автомобил ве прави повеќе од привлечен! Тоа е знак за добар социјален и финансиски статус, освен тоа носи самодоверба на сопственикот, кој дамите го наоѓаат неодолив, објаснуваат истражувачите.
5. Земете си куче
Најдобриот пријател на мажот во реалноста! Според француско истражување, жените се три пати поголема веројатност да дадат телефонски број на маж кој шета куче отколку на оној кој не е придружен со миленичето. Кучињата помагаат за дружење, освен тоа создаваат чувство дека сопственикот им е мил, чувствителен, грижлив – квалитети ценети од дамите.
6. Помагајте
Алтруизмот, милосрдието исто така се ценети квалитети од претставничките на понежниот пол. Затоа мажите кои се волонтери во различни социјални активности заработубваат поени кај дамите, тврдат научниците од Универзитетот Корнуел, повикувајќи се на сопствено истражување.
7. Каживајте шеги,
Во топ 3 на најпосакуваните особини кај мажот, жените секогаш наведуваат чувството за хумор. Користете го вашиот шарм. Според тим истражувачи од Универзитетот во Њу Мексико, мажите кои имаат талент за насмевка, добиваат двојно повеќе секс од останатите.
8. Чувајте се како дивјак
Истражување на Универзитетот во Алјаска тврди дека дамите наоѓаат доста секси господа кои можат да ловат, да се искачат, да палат оган итн. Овие примарни активности им покажуваат дека мажот може да се справи со екстремни ситуации и тоа автоматски ги прави посигурни и машки.