Мажот кој ја ограби Ким Кардашијан за се ја обвинува старлетата: „Таа се расфрлаше со пари“

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Пред шест години Ким Кардашијан беше ограбена во хотел во Париз, а човекот кој ѝ украде накит вреден 10 милиони долари за се ја обвини старлетата.

Јунис Абас е еден од луѓето кои стојат зад грабежот во 2016 година во хотелот во Париз во кој на Ким Кардашијан ѝ беше украден накит вреден 10 милиони долари, вклучително и веренички прстен од 4 милиони долари од 20 карати што ѝ го подари сега поранешниот сопруг, Канје Вест.

Јунис по овој грабеж бил уапсен, а неодамна ги открил сите детали од упадот во хотелот.

Тој за целиот грабеж ја обвини ѕвездата.

„Воопшто не се каам. Гледав едно шоу кога дијаманти ѝ паднаа во морето. Си помислив, таа е богата, не ѝ е грижа. Бидејќи се расфрлаше со пари наоколу, решив да ги земам и тоа е тоа. Виновен? Не, не ми е грижа“, рече Абас.

Абас призна дека верува дека Ким се исплашила:

„Низ тоа не можеш да поминеш без последици, секако дека била истрауматизирана“.

Еден од предметите во пленот вреден 10 милиони долари беше вереничкиот прстен што Ким го доби од нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест, а во оваа прилика Јунис рече дека славните личности кои се фалат со своето богатство на интернет треба „да бидат малку помалку упадливи за луѓето кои не можат да си го дозволат тоа“.

„Видов на Интернет дека тој прстен е познат, го има на сите слики на социјалните мрежи и во списанијата“, рече тој, а потоа додаде дека тоа е единственото парче накит што „преживеало“.

„Сè друго стопивме и продадовме затоа што ќе беше тешко да го продадеме во својата форма“, заклучи тој.

Слични содржини