Мазнева откри зошто веднаш не реагирала на вработените во „Комуналец“ кои земале плата, а не доаѓале на работа

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Директорката на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, Косана Мазнева синоќа во гостување на емисија обелодени зошто досега не реагирала на фактите дека лица вработени во претпријатието со месеци и не доаѓале на работа, а земале плата.

Ти за да постапиш било како мораш да имаш процедура и треба да имаш факти и аргументи. Ова е пресериозна работа, јас не можам да те бркам оти сум слушнала дека не идеш на работа или мене не ми се допаѓаш или си ме погледнал попреку. Така не се брка човек од работа. За секое отказно решение мора да има законска процедура. Јас никогаш нема да отстапам од тоа. И на луѓето што бунтуваа, додека се молевме и ги замолував дека е согласно закон, јас не добив аргумент од претседателот на Синдикатот. Прашував што ќе биде лошо за мене. Ако сакате да правите штрајк, треба да имате одредени барања. Проблемот беше што сакаат исклучиво да бидат трета смена, кажа Мазнева во емисија на „Инфомакс“, додавајќи дека кога видела дека вработените заминувале во Германија и Швајцарија, им ги прекинала работните договори со јавното претријатие.

Директорката е 12 месеци на раководната функција во „Комуналец“.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска пред неколку дена на прес-конференција информира дека фатиле луѓе што се трајно иселени во Германија, а тука примале плата.

Треба да се стави крај на овие луѓе кои земаат плата, а не доаѓаат на работа. Наместо да кажете дека ние конечно дојдовме да ги разобличиме овие и да не дозволиме никогаш повеќе да не се случува. Замислете, ние откривме луѓе кои си се во Германија си возат камиони, а од тука им стигнува плата од претрпијатието, рече Арсовска.

 

Слични содржини