Мазнева: По 16 години во „Комуналец“ исплативме регрес и К-15 за вработените

од Nikola Popovski
547 прегледи

Нашето претпријатие три дена беше под блокада на мафијашки структури. Екипите од синоќа во доцните часови се пуштени на терен и ве уверувам дека нема да постои ниту една општина каде што нема да се исчисти ѓубрето. Ќе работиме 24 часа и колку што е потребно за да ги сервисираме граѓаните. Претпријатието е целосно во функција, рече директорката на ЈП „Комунална хигиена“, Косана Мазнева за случувањата во градското претпријатие со кое раководи.

Информира дека е известено МВР и ЈО за лицата за кои имаат сомнение и одредени документи дека ја организирале целата ситуација, но не може во моментот да го објават нивниот идентитет.

-Комунална хигиена е во целосна кондиција. Она што можам да го кажам дека одредени личности за кои ќе има соодветни пријави, во нивните настапи клеветат и поттикнуваат гнев и даваат лажни изјави. Во ЈП од 2007 година ниту еден вработен нема добиено К-15 , ниту регрес на плата. Сега има исплатено регрес после толку време. Вработените за првпат добиваат К-15. Личната заштитна опрема и средства, иако е законска обврска да бидат дадени од менаџерот, со години не биле дадени. Оваа година се поделени опремата без која е недозволиво било кој вработен да излезе на терен, рече Мазнева на прес-конференција во градот Скопје.

Слични содржини