Јас како градоначалник кажав дека ниту една позиција не е загарантирана доколку не се реализира тоа што е програмска определба на Градот и тоа го правиме во моментов, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за разрешувањето на Косана Мазнева-Николиќ од директорската функција во ЈП „Комунална хигиена-Скопје“.
Арсовска посочи дека во моментов даваат шанса на друг, кој што веруваат дека во наредниот шестмесечен период, ќе има шанса да ги реализира проектите.
-Ниту имал некој некакво влијание, ниту пак новиот директор има некаква комуникација со некаква политичка структура, рече денеска градоначалничката на брифинг со новинарите.
Разрешувањето на Мазнева-Николиќ следува три месеци по протестот на дел од вработените во „Комунална хигиена“. Таа беше назнечена од Арсовска за прв човек на „Комунална хигиена“ јули лани, откако беше разрешен дотогашниот директор Енуз Кока од Алијанса за Албанците.
Нов директор на „Комуналец“ ќе биде Гоце Трајковски.