Регулаторната комисија попладнево излезе со нова одлука околу цената на нафтените деривати.
Одлучено е малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.04.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,492 ден/кг, во однос намалопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.04.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 52,662 ден/кг.