Мбапе дебитираше во Ла Лига против Мајорка

од Vladimir Zorba
2,6K прегледи

Извршена е ждрепката за новата сезона 2024/25 во Ла Лига. Од него стана јасно дека дебито на Килијан Мбапе со тимот на Реал (Мадрид) во првото коло ќе го има на стадионот „Сон Моиш“ против Мајорка.

Ханси Флик, пак, ќе дебитира на чело на Барселона на гостувањето кај Валенсија на „Местаља“.

Атлетико Мадрид гостува кај Виљареал во првото коло од шпанското првенство.

Првото сезонско „Ел Класико“ е на 27 октомври на „Бернабеу“ од 11. коло на Ла Лига, а вториот меч меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 11 мај 2025 година и е од 35-тото првенствено коло.

Дербито на Андалузија меѓу Севиља и Бетис ќе биде во деветтото коло на 6 октомври и во 29. коло на 30 март.

Баскиското дерби меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад е на 24 ноември на „Сан Мамеш“. Реваншот е на 4 мај.

Слични содржини