Мбапе демантира дека направил „црна листа“ во Пари Сен Жермен

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ја нарече „лажна вест“ информацијата дека составил листа од 14 имиња кои треба да ги брка клубот.

Според изданието на „Мундо Депортиво“, на „црната листа“ на Мбапе се тренерот Маурисио Почетино, бразилската ѕвезда Нејмар, Мауро Икарди, Јулијан Дракслер, Тило Келер, Леандро Паредес, Андер Ерера, Данило Переира, Хуанезе Переира, Пабло Сарабија, Колин Дареа, Серхио Рико и Ливеин Курзава.

По потпишувањето на новиот договор со парижаните се пишуваше дека тој ќе има поголемо влијание во клубот и ќе може да ја одреди неговата политика.

Самиот Мбапе негираше каква било желба да влијае на кадровските одлуки на ПСЖ.

Слични содржини