Мбапе е цел на потсмев по дебито за Реал во Ла Лига

од Vladimir Zorba
786 прегледи

Долгоочекуваниот прв настап на Килијан Мбапе за Реал во Ла Лига заврши со разочарување.

Актуелниот шампион на Шпанија и Европа со само бод ја започна одбраната на домашната титула против скромната Мајорка (1:1) која минатата сезона ја заврши едвај на 15. место. Посебно лош беше оној од кого најмногу се очекува и кој е најмногу платен.

Килијан Мбапе пред два месеци конечно заврши во Мадрид, откако Реал седум години се обидуваше да го доведе. Дојде бесплатно од ПСЖ, но Реал му плаќа цело богатство. Неговата годишна плата е 15 милиони евра без премии. Покрај тоа, тој добива 20 отсто од фантастичната заработка на Реал од имиџ правата на играчот. Но, најраскошниот дел од договорот е бонусот за потпишување. Мбапе по овој основ добива 125 милиони евра од Реал.

Навивачите на Реал беа особено „запалени“ за дебито на Мбапе во лигата, откако тој постигна гол на првиот натпревар на Реал против Аталанта во победата од 2-0 за освојување на Суперкупот на Европа. Но, наместо хит, Мбапе беше за потсмев на овој меч.

Неговата немоќ и неефикасност резултираа со вирални видеа и објави на социјалните мрежи. На Мбапе, кој е навикнат лесно да постигнува голови во Франција, му се потсмеваат, меѓу другото, и поради неможноста да направи нешто против многу поцврстите одбрани во многу построгата шпанска лига, а Шрек, Меџик Џонсон, Хоселу и анонимен дебел човек се користат за да се исмева Мбапе.

Слични содржини