Мбапе е повреден и речиси сигурно ќе го пропушти финалето на Интерконтиненталниот куп

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е надвор од терените поради повреда на бутот по победата на шпанскиот тим над Аталанта со 3-2 во Лигата на шампионите. Kапитенот на Франција го отвори резултатот во 10. минута, но беше принуден да го напушти теренот во првото полувреме.

„По денешните тестови направени врз нашиот играч Килијан Мбапе од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, констатирана е повреда на бутот на левата нога. Следи епилог“, се вели во пораката на „лос бланкос“.

Според информациите на „Марка“, Мбапе ќе биде надвор од терените околу десетина дена. Тоа значи дека речиси сигурно ќе го пропушти финалето на Интерконтиненталниот куп на 18 декември во Катар против мексиканската Пачука или египетскиот Ал Ахли.

Французинот сигурно е аут за гостувањето кај Рајо Ваљекано во Ла Лига викендов.

Така, Мбапе денеска имаше една добра и една лоша вест, откако претходно во текот на денот беше откриено дека истрагата во Шведска против него поради сомнение за силување е прекината.

Слични содржини