Мбапе ги издржа тестовите во пресрет на вечерашниот натпревар против Атлетико

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Килијан Мбапе е добро и вечерва ќе стартува за Реал Мадрид на реваншот против Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ова беше потврдено откако денеска беа направени тестови, откако напаѓачот вчера не тренираше целосно, што предизвика сомнеж за неговото учество, пренесе „Екип“.

На крајот беше вклучен во групата на Карло Анчелоти.

Натпреварот на „Цивитас Метрополитано“ започнува во 21 часот, а Реал има водство од еден гол по победата од 2:1 минатиот вторник.

Мбапе има многу силна сезона, со 28 гола на 41 меч во сите конкуренции досега.

Слични содржини