Мбапе ги прокоментира односите со Нејмар и Погба

од Vladimir Zorba

Младата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе го прокоментира односот со својот соиграч во клубот – Нејмар, и оној во репрезентацијата – Пол Погба. Бразилецот неодамна не го криеше своето незадоволство по изведувањето на еден пенал на напаѓачот, додека еден од браќата на играчот од средниот ред на Јувентус тврдеше дека Погба користел вуду магија врз Мбапе.

„Ова е моја шеста година со Нејмар. Отсекогаш сме имале однос изграден на почит. Понекогаш имаме потопли моменти, а друг пат постудени. Таква е природата на нашата врска. Имам многу почит кон играчот што е. Кога имаш двајца играчи со толку силен карактер, има такви моменти, но секогаш има почит и се е во интерес на ПСЖ“, посочи тој и се префрли на поранешниот играч на Јунајтед:

„Дали аферата Погба влијае на мојот однос со него? Не, затоа што претпочитам да верувам на зборот на мојот соиграч. Ми се јави и ми ја претстави својата верзија за тоа што се случило. Во моментов тоа е неговиот збор против оној на неговиот брат. Ќе му верувам на мојот соиграч и поради интересите на репрезентацијата. Ни претстои голем турнир (Светско првенство) и тој веќе има проблеми. Сега не е време да се создаде уште еден за него. Ќе видиме што ќе се случи. Се изолирам од сето ова“.

Слични содржини