Килијан Мбапе, една од најголемите фудбалски sвезди во светот, го извести ПСЖ дека го напушта клубот по истекот на договорот. Ова значи дека Французинот, кој има уште една година од договорот на крајот на сезоната, ќе го напушти Париз и ќе најде нов ангажман.
Оваа информација ја пренесе почитуваниот француски „Лекип“.
Тој претходно најави дека одлуката ќе ја донесе по завршувањето на Европското првенство, каде доживеа дебакл со репрезентацијата на Франција и елиминација од Швајцарија во осминафиналето.
Мбапе го промаши решавачкиот пенал и со тоа беше главниот виновник за испаѓањето.
Клубот сега е на потег, бидејќи се шпекулира дека тие не сакаат да останат со празни раце и да му дозволат на Мбапе да замине без обештетување на крајот на следната година.