Ѕвездата на Франција, Килијан Мбапе упати навредливи зборови кон Роберт Левандовски за време на натпреварот помеѓу „петлите“ и Полска од ЕП 2024 година Во 88. минута за време на меѓусебниот дуел, Левандовски со рака го фати Мбапе, кој веднаш се пожали на постапките на Полјакот.
Килијан потоа ја симна заштитната маска и го нарече Лева „кучкин син“. Зборовите на францускиот репрезентативец беа фатени на камера.
По натпреварот, тензијата меѓу двајцата беше брзо смирена, па дури и се прегрнаа.
Натпреварот во Дортмунд заврши 1-1, а Мбапе отвори од пенал за Франција, а Левандовски исто така израмни од пенал за Полјаците кои беа елиминирани од турнирот.
Од следната сезона Мбапе и Левандовски ќе бидат ривали и на клупски план, со екипите на Реал Мадрид, односно Барселона.