Мбапе го тресе столчето на Дешан: Го обвинил за слаба тактичка подготовка

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Килијан Мбапе упатил сериозни критики за работата на Дидие Дешан и неговиот штаб во француската репрезентација, пишува L’Equipe.

Напаѓачот, кој е капитен и предводник на „петлите“, тоа го направил во специјален говор пред соиграчите меѓу натпреварите со Италија (1:3) и Белгија (2:0) во Лигата на нации.

Според него, недостигот од тактички тренинзи бил коренот на лошиот настап на тимот.

Покрај тоа што не постигна гол, Мбапе се претстави прилично слабо на двата меча и, според француските медиуми, изгледал „мрзливо и незаинтересирано“ за време на репрезентативната пауза.

По поразот од Италија, голманот на „петлите“, Мајк Меињан го критикуваше Мбапе за неговата игра, но напаѓачот не му обрна внимание.

Слични содржини