Мбапе категоричен дека моментално е многу среќен во Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Французинот Килијан Мбапе во опширно интервју откри детали за неговата прекрасна прва година во Реал Мадрид. Мбапе веќе има постигнато 22 гола во Примера и 33 во сите натпреварувања досега, бројка што се совпаѓа со билансот на Кристијано Роналдо од неговата дебитантска сезона со Реал Мадрид во шпанската престолнина.

Минатото лето, трансферот на Мбапе во Мадрид се случи во време на долга сага околу неговиот потпис од Пари Сен Жермен.

„Сè што сакав беше да играм овде – на „Сантијаго Бернабеу“ и навивачите да го скандираат моето име“, призна францускиот репрезентативец за телевизијата „Ла Секста“.

„Јас сум нормален човек пред да сум фудбалер. Личност која гледа како се случуваат работите, која има работи што ги сака и работи за кои жали“, продолжи Килијан Мбапе.

„Сакав да постигнувам голови и да бидам среќен. Почнав како навивач на Зинедин Зидан и Галактикос. Тоа е најдобриот клуб во светот и има аура што другите ја немаат. Каква личност сум, можете да видите на моето лице, без разлика дали сум среќен или не. Сега сум среќен. Многу сум среќен таму каде што сум”, изјави Мбапе.

Реал Мадрид се уште се бори за три потенцијални трофеи пред крајот на актуелната сезона, бркајќи ја титулата во Ла Лига, Купот и Лигата на шампионите.

Слични содржини