Мбапе ќе добие 150 милиони од Реал само за својот потпис

од Vladimir Zorba

Килијан Мбапе ќе добие бонус за потпис од 150 милиони евра со Реал Мадрид. Ова го откри шпанскиот новинар Гијом Балаге за Би-Би-Си. Оваа сума ја добива Французинот за пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч. Истата ќе биде исплатена во рок од пет години колку што ќе трае договорот.

Платата на Мбапе ќе биде 15 милиони евра по сезона нето, со што ќе се почитува условот капитенот на Франција да не добива повеќе од другите големи ѕвезди на Реал, Џад Белингем и Виничиус Жуниор.

Мбапе ќе задржи и процент од имиџ правата, но нема да ги поседува во целост, како што е моментално случајот со Пари Сен Жермен.

Балаге дури откри дека Мбапе најверојатно ќе игра со број 10 во Реал бидејќи бројот ќе го ослободи Лука Модриќ на крајот од сезоната. Со истиот број напаѓачот настапува и во француската репрезентација.

Вчера „Марка“ објави дека Мбапе пред две недели го потпишал договорот со Реал.

Слични содржини