Килијан Мбапе ќе добие нов број во Реал Мадрид, објави „Ел Чирингито“ во вторник. Францускиот напаѓач е подготвен да го носи дресот со број 10 во тимот откако Лука Модриќ се раздели со 15-кратниот европски клупски шампион.
Се очекува Мбапе да ја прифати симболичната понуда од Реал Мадрид во наредните денови.
Минатата сезона, 25-годишниот Килијан Мбапе го носеше дресот со број 9 за „белите“, играјќи 34 натпревари во Примера дивизион, постигнувајќи 31 гол и запишувајќи 3 асистенции.
Мадрид остана на второто место во Ла Лига, го загуби финалето на Купот на Шпанија и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ова беше прва сезона за Мбапе во Реал Мадрид.
Од новата сезона тренер на „Белите“ ќе биде Чаби Алонсо. Шпанецот го заменува Карло Анчелоти.