Мбапе конечно проговори и предизвика дополнителен хаос

од Nikola Popovski
436 прегледи

Сагата за тоа каде ќе игра францускиот репрезентативец Килијан Мбапе следната сезона треба да биде решена во недела на 22 мај.

Според француските медиуми, самиот Мбапе потврдил дека во недела ќе го открие името на клубот во кој ќе ја продолжи кариерата.

Приказната за заминување од Париз во Мадрид трае веќе неколку месеци, а особено „експлодира“ во зимскиот преоден рок.

Иако Мбапе засега остана на „Паркот на принцовите“, од ден на ден стануваше се појасно дека неговиот престој во француската престолнина е малку веројатен.

И додека се поизвесно е дека во недела тој само ќе го потврди она што повеќето фудбалски фанови веќе го знаат, меѓу навивачите на ПСЖ постои верување дека огромната понуда што ПСЖ ја испрати до него ќе биде доволна да го натера да се премисли и да се посвети на нова лојалност кон овој тим.

Сѐ ќе се знае на 22 мај.

Слични содржини