Трансферот на капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе во Реал Мадрид е најочекуваното нешто по освоениот трофеј на кралскиот клуб во Лигата на шампионите, а самиот играч му открил на претседателот на земјата, Емануел Макрон, кога ова ќе се случи, објави АП.
Макрон беше во посета на кампот на репрезентацијата во базата во Клерфонтејн, каде што се сретна со играчите кои се подготвуваат за Евро 2024.
„Дали трансферот ќе биде објавен денеска?“, го праша Макрон Мбапе, на што светскиот шампион и светски вицешампион од 2022 година одговори „Да, вечерва“. Претседателот ја стави раката на левото рамо на играчот и рече: „Тоа е добро“.
Емануел Макрон е меѓу големите поддржувачи на играта на Килијан Мбапе, откако претходно имаше клучна улога во останувањето на напаѓачот во Пари Сен Жермен, а неодамна ја презеде задачата да преговара со раководството на Реал Мадрид за да му дозволи на Мбапе да игра за Франција на Олимпијадата.
Килијан Мбапе дојде во ПСЖ во 2017 година за 180 милиони евра и постигна клупски рекордни 256 гола.