Мбапе објави фотографија на Инстаграм која ги загрижи навивачите на Реал

од Vladimir Zorba
296 прегледи

РЕАЛ МАДРИД вчера му даде ултиматум на ПСЖ да одговори на понудата за Килијан Мбапе до крајот на неделата, бидејќи смета дека францускиот вицешампион одолговлекува до понеделник, кога се собира француската репрезентација, што би го комплицирало трансферот.

Најновата понуда на Реал е 180 милиони евра со 10 милиони сигурни бонуси, но откако ја доби, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, рече дека ништо многу не се променило.

Многумина веруваат дека Мбапе одлучил дека сака да замине во Реал поради доаѓањето на Лео Меси во Париз, бидејќи не е воодушевен од идејата да игра со Аргентинецот. Сепак, Мбапе вчера објави фотографија на својот профил на Инстаграм која ги загрижи навивачите на Реал.

На неа, се гледа насмеаниот Мбапе како разговара со Меси на тренинг, што предизвика низа коментари од навивачите на Реал, кои се плашат дека двете sвезди почнаа да се сложуваат и дека Французинот затоа ќе го откаже трансферот.

„Не ми се допаѓа ова“, напишаа бројни обожаватели во коментарите.

До крајот на денот, треба да го знаеме одговорот на ПСЖ. Реал објави дека нема намера да испрати поголема понуда од сегашната.

Слични содржини