Мбапе одбил 4 понуди за продолжување на договорот со ПСЖ

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Килијан Мбапе веќе одбил четири понуди за продолжување на договорот со Пари Сен Жермен, бидејќи е решен во намерата да направи трансфер во Реал Мадрид. Ова е тврдење на некои шпански медиуми кои наведуваат дека францускиот напаѓач упорно се спротивставува на обидите на раководството на парискиот клуб кој сака да ја продолжи соработката со него.

Мбапе е договорно обврзан со ПСЖ само до крајот на следната сезона и се обидува да го искористи тој факт да го принуди клубот да го стави на трансфер листата. Парижаните успеаја да го убедат Нејмар да ја продолжи соработката, но им е многу потешко со Мбапе бидејќи неговата желба е да си замине и се тврди дека петтиот обид на клубот да го задржи нема да го скрши, без оглед на висината на понудата .

Реал е подготвен да го купи францускиот напаѓач, но тој нема намера да претерува со понудата и не сака да го направи тој трансфер за подоцна да се зборува за него негативно. Ниту Мбапе не сака таква слика, бидејќи се тврди дека тој нема намера да влезе во конфликт со ПСЖ или да го вклучи шпанскиот клуб во него.

Слични содржини