Мбапе: Останав во ПСЖ поради Светското во Катар, сега продолжувам понатаму

од Vladimir Zorba
775 прегледи

Килијан Мбапе се прости од Пари Сен Жермен со двојна круна во Франција. Се чека тој да се договори со клубот за отпишување на наградата и една плата која е кумулативно 80 милиони евра, па потоа да добијат дозвола да го објават името на новиот клуб. Реал Мадрид го чека со раширени раце, дочекот е подготвен, само мадриѓаните се надеваат дека ќе успеат до 7 јуни за да не пречат на подготовката на играчот за УЕФА ЕУРО. Доколку не добијат зелено светло од ПСЖ, ќе мора да почекаат до 1 јули кога истекува договорот на играчот.

На 1 јуни Мбапе ќе ги гледа своите идни соиграчи на „Вембли“ во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА против Борусија Дортмунд, но не даде прогноза за CNN.

„Ќе го гледам натпреварот како и секој друг. Кога го сакаш фудбалот, тогаш ги гледаш сите натпревари. Гледам фудбал секогаш кога имам време. Француски, англиски, шпански, германски, италијански… Сите лиги. Па секако, јас ќе ги гледаме шампионите во финалето на Лигата“, изјави дипломатски Мбапе.

25-годишниот Парижанец објасни зошто не се преселил во Реал Мадрид во 2022 година иако тоа изгледало како готова работа.

„Тоа беше повеќе од само останување во Пари Сен Жермен. Тоа беше поради Светското првенство во Катар, како и многу други работи кои беа актуелни во тоа време. Голема и тешка одлука, а во кариерата понекогаш треба да носиш тешки одлуки. Но, не жалам, станав најдобриот стрелец во историјата на Пари Сен Жермен и сакам да паметам само добри работи. Тоа не беше едноставна ситуација и не би посакал некој да се најде во слична позиција“.

Сега ситуацијата е поинаква.

„Само сакам да бидам среќен. Ќе ја напуштам мојата земја за прв пат и тоа ќе биде огромно искуство за мене. Едвај чекам да бидам во мојот нов клуб. Сакам да освојувам трофеи, а кога зборувате за фудбалот – зборувате за освојување трофеи. Во моментов сè уште имам договор со Пари Сен Жермен, но сите знаете дека тој наскоро ќе истече, па ќе видиме што ќе се случи понатаму“, додаде напаѓачот.

Слични содржини