Мбапе побарал средба со Ел Келаифи, се „крчка“ трансфер?

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Веќе извесно време се пишува за незадоволството на Килијан Мбапе во Париз – договорот на Французинот со тимот на ПСЖ истекува следната сезона, а веќе е познато дека Реал Мадрид е заинтересиран да го прифати одличниот фудбалер.

Сега, и Мбапе направи конкретен потег – како што пренесува шпански „Ел Чирингито“, фудбалерот побарал средба со шефот на клубот, Насер ел Келаифи, со цел да побара од него да започне преговори со Реал.

Доколку газдата на ПСЖ одлучи да продаде, ќе мора да го стори тоа до 1 септември, доколку сака парите од продажбата на играчите да се слеат во касата на клубот. Во спротивно, Мбапе ќе го напушти клубот како слободен агент следното лето.

Се ближи крајот на преодниот рок и сите го чекаат следниот потег на Парижаните, кој ќе ја одреди судбината на Мбапе.

Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими, Џорџино Вајналдум, Серхио Рамос и Лионел Меси летово пристигнаа во ПСЖ.

Слични содржини