Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека ќе остане во клубот барем уште една година.
Мбапе последните три години играше за парискиот клуб, но често се шпекулира дека би можел да го напушти „Паркот на принцовите“, а дека Реал Мадрид е еден од заинтересираните клубови.
Поради пандемијата на коронавирус, францускиот шампион беше прекинат, Пари Сен Жермен беше прогласен за шампион, а 21-годишниот Мбапе рече дека ќе се концентрира на освојување на трофејот со клубот.
„Јас сум тука, четврта година сум во овој проект. Педесетгодишнината на клубот, ова е важна сезона за клубот, за навивачите. Ќе бидам таму. Ќе се обидам, заедно со тимот, да ги вратам трофеите во клубот“, изјави Мбапе за „Беин спорт“.
Тренерот Томас Тухел изјави дека е вистински подарок да се работи со Мбапе.
„Килијан има договор и ние не сме подготвени да го продадеме. Тој е супер важен, клучен играч за нашата игра. Вистински подарок е да се работи со него, со играчи како Нејмар, Анхел Ди Марија, Мауро Икарди, Марко Верати, Маркињос. Овие се извонредни играчи. Има голема врска помеѓу него и Нејмар. На сите им дава големо задоволство. Тоа е вистинската сила на Пари Сен Жермен “, рече Тухел.