Мбапе пресече: Веродостојни извори пишуваат дека тој веќе се сели во нова средина

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Килијан Мбапе порача на управата на Пари Сен Жермен дека нема да потпише нов договор и дека сака да биде член на Реал Мадрид на лето.

Оваа вест ја објави шпански новинар, кој пишува за „Кадена СЕР“ и се смета за еден од најсигурните досега кога станува збор за настаните во „кралскиот клуб“.

Мбапе има договор до јуни 2022 година, а од почетокот беше јасно дека Французинот сака да го напушти Париз.

Истиот извор наведува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сака да го донесе Халанд. Тој верува во добрите односи со Борусија Дортмунд.

Одамна е познато дека Мбапе нема да си замине под 150 милиони евра, а слична сума ќе треба да се извади и за младиот норвешки напаѓач.

Слични содржини