Мбапе сака да игра против Холандија

од Vladimir Zorba
2,2K прегледи

Француската суперѕвезда, Килијан Мбапе сака да го игра утрешниот дуел од групата Д на Евро 2024 со Холандија.

Како што е познато, напаѓачот се здоби со скршеница на носот во победата од 1-0 над Австрија во првиот натпревар на „петлите“ на Европското првенство во Германија.

Очекувањата на француските медиуми се да не се ризикува здравјето на фудбалерот кој би требало да ги пропушти преостанатите две средби со „лалињата“ и со Полска, а потоа да се врати за мечот на тимот во 1/8-финалето на турнирот.

Сепак, холандската телевизија НОС тврди дека извор од францускиот табор им кажал дека самиот Мбапе сака да игра на утрешниот меч против „портокаловите“. Од таму додаваат дека се уште не се знае кога ќе биде донесена одлуката дали 25-годишниот играч ќе му биде на располагање на Дидие Дешан за предметниот натпревар.

Доколку тоа се случи, голгетерот сигурно ќе игра со специјална маска која ќе ја тестира на вечерашниот тимски тренинг.

Мбапе учествуваше на вчерашниот тренинг на францускиот тим со фластери на носот, а денеска беше фотографиран при пристигнувањето на петлите во Лајпциг без заштитна маска или никакви завои на носот.

Слични содржини