Мбапе се извини за бруталниот старт

од Nikola Popovski
35 прегледи

Во 31. коло од шпанската Ла Лига, Реал Мадрид минимално со 1:0 го совлада Алавес. Победничкиот гол го постигна Едуардо Камавинга во 34. минута на асистенција на Федерико Валверде. Натпреварот го одбележа директниот црвен картон на Килијан Мбапе неколку минути подоцна.

Французинот брутално стартуваше на ногата на Антонио Бланко. Судијата најпрво му покажа жолт картон на напаѓачот на Реал, но по повикот од ВАР- системот да ја погледне ситуацијата на мониторот, ја смени одлуката.

Бланко, кој лесно можеше да заработи посериозна повреда, по натпреварот изјави дека Мбапе дошол да се извини.

„Тоа беше цврст старт кој можеше да заврши лошо. По натпреварот дојде кај мене и ми се извини и тоа е најважно“, изјавил Бланко.

Во одбрана на својот играч, застана и стратегот на Реал, Карло Анчелоти.

„Мбапе не е насилен и побара прошка. Заслужено заработи црвен картон и ќе ја одлежи суспензијата. Приказната треба да застане тука“, порачал италијанскиот тренер.

Слични содржини