Реал Мадрид претрпе пораз во 19. коло од Ла Лига, „кралевите“ загубија со 2:1 на гостувањето кај Атлетик Билбао. Во центарот на вниманието беше Килијан Мбапе кој повторно го реализираше пеналот
Атлетик Билбао поведе преку Беренгер кој погоди за 1:0 во 53. минута, а потоа агонијата на Килијан Мбапе продолжи во Реал Мадрид.
Во 68. минута беше досуден пенал за Реал, а одговорноста ја презеде Мбапе. Но неговиот слаб удар го сопре голманот на Атлетик, Агирезабал.
Реал потоа израмни преку Белингем, но Гурузета само две минути подоцна му ја врати предноста на Билбао за конечни 2:1.
По натпреварот, Килијан Мбапе, како и остатокот од тимот на Реал, беше мета на критики, поради што се огласи на социјалните мрежи.
„Лош резултат. Голема грешка на натпревар каде што секој детал е важен“, напиша Мбапе и додаде: „Ја преземам целосната одговорност за тоа. Тежок момент, но најдобро време е да ја сменам оваа ситуација и да покажам кој сум’, изјави Французинот кој неодамна не реализираше пенал и на натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул.
Оваа сезона Мбапе одигра 20 натпревари за „кралевите“ и постигна 10 гола со две асистенции.