Мбапе се шегува: Некакви идеи за маски?

од Vladimir Zorba
2,9K прегледи

Ѕвездата на Франција, Килијан Мбапе најде сила да се пошегува за повредата со која се здоби на натпреварот против Австрија на ЕП 2024. Капитенот на француската репрезентација има скршеница на носот по сударот со Кевин Дансо во 86. минута и ќе игра со специјална маска на следните натпревари на петлите.

„Некоја идеја за маски“ напиша Мбапе на социјалната мрежа Х.

Првично се претпоставуваше дека на играчот ќе му биде потребна операција, но по прегледот во болницата во Дизелдорф беше одлучено да се подложи на конзервативен третман.

Во вториот натпревар на ЕП 2024 Франција ќе игра со Холандија на 21 јуни, додека во истата група Австрија истиот ден ќе се сретне со Полска.

Слични содржини