Мбапе: Што и да се случи, ќе играм за голем клуб

од Vladimir Zorba

Една од големите ѕвезди на Пари Сен Жермен – Килијан Мбапе призна дека е малку разочаран по неговиот неуспешен трансфер во Реал Мадрид летото. Запрашан за неговата иднина, напаѓачот категорично одговори дека сигурно ќе игра во „голем клуб“.

„Не е така лесно, но што и да се случи, ќе играм за голем клуб. Луѓето ме прашуваа дали сум разочаран што немаше трансфер во летото. Да, кога сакате да заминете, на почетокот сте малку разочарани, но сепак јас не сум во трета лига, туку во клуб кој сака да ја освои Лигата на шампионите. Јас сум Парижанец и моето семејство е тука, па се чувствувам добро. Отсекогаш сум велел дека сакам само да пробам нешто ново“, вели тој во интервју за Amazon Prime и додаде:.

„За време на европското си поставував многу прашања. Зборував многу и со моите родители. Знаев дека сакам да заминам, но ми рекоа дека морам да се концентрирам на моите настапи на теренот. Можеби трошев премногу енергија на други работи“.

Слични содржини