КИЛИЈАН МБАПЕ го сруши рекордот во најсилното клупско натпреварување со гол од белата точка, кој го постигна за ПСЖ на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона (1:1, прв натпревар 4:1 за ПСЖ) .
Тој погодок е 25-ти во Лигата на шампионите и тој стана најмладиот играч кој постигнал толку многу голови. Тоа му успеа на возраст од 22 години и 80 дена, со што го сруши рекордот на Лионел Меси.
Аргентинецот беше најмладиот до сега со 25 погодоци во Лигата на шампионите. Тој дојде до таа бројка за 22 години и 286 дена.
Мбапе ја сруши Барселона во осминафиналето со четири гола на два натпревари, но и рекордот на Меси.