Мбапе веќе не цели на индивидуални награди

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Ѕвездата на Реал Мадрид и француската репрезентација, Килијан Мбапе ги откри своите цели до крајот на кариерата.

Желбата на голгетерот е еден ден да триумфира во Лигата на шампионите.

„Од 14-годишна возраст сите ми велеа дека ќе бидам голем фудбалер. Кога ќе станеш голем, понекогаш се чувствуваш безначаен. На почетокот бев гладен за успеси и тоа се покажа лошо, бидејќи бев нетрпелив. Имав страст и борбен дух. Сега сонувам за освојување трофеи со тимот, а не за индивидуални награди. Се што треба да направам е да триумфирам во Лигата на шампионите. Токму затоа дојдов во најдобриот клуб на светот“, коментира напаѓачот во интервју за beIN Sports.

Во средата, Мадрид триумфираше со Интерконтиненталниот куп по успехот со 3-0 против мексиканската екипа Пачука.

Слични содржини