Мбапе во емисија во живо ќе открие каде ја продолжува кариерата

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Килијан Мбапе, напаѓачот на Пари Сен Жермен, реши да направи вистински спектакл по примерот на Леброн Џејмс кој тоа го направи години порано.

Французинот ќе се огласи во недела на телевизијата ТФ1 во емисијата „Телефут“ каде решил да ја продолжи кариерата.

Мбапе во директен пренос ќе разјасни дали ќе остане во ПСЖ или од следната година ќе го носи дресот на Реал Мадрид, како што тоа го направи неговиот идол Кристијано Роналдо.

Договорот на Мбапе истекува на 30 јуни, а тој упорно одбиваше да потпише нов договор со Пари Сен Жермен.

ПСЖ му понуди неверојатна сума на пари на напаѓачот (50 милиони годишно за две сезони плус бонус од 100 милиони за потписот), но и Мбапе е свесен дека во Реал би имал поголеми шанси да освојува трофеи.

Неколку пати досега медиумите пишуваа дека се е договорено со Реал, па според некои информации тој потпишал и преддоговор. Напаѓачот неколку пати мистериозно изјавуваше дека се уште не одлучил.

На крајот на краиштата, тој рече дека донел одлука, и дека ќе ја соопшти во недела.

Слично нешто направи и Леброн Џејмс во 2010 година кога објави дека од Мајами се сели во Кливленд. „Мојот талент ќе го однесам во Мајами“, рече меѓу другото Леброн.

Слични содржини