Меџити: Треба во владиниот тим и во ДУИ да има нови лица

од Radmila Tasevska
121 прегледи

„Ја поддржуваме ориентацијата на Владата. Ова е принципиелна војна внатре во ДУИ. Ова ќе се рефлектира на пошироко ниво. Нема ништо лошо во ова. Цел владин состав потфрлува и треба да се смени со нов кадар“, потенцира пратеникот и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, на денешната прес-конференција.

Тој смета дека ова не оди само на штета на ДУИ, туку и на штета на целата држава.

„Се работи за членството на ДУИ. Ќе ги користиме сите демократски средства, ќе одиме тет-а-тет со членовите да видиме што велат тие“, дополни Меџити.

Тој нема дилеми дека Ахмети треба да остане лидер на партијата.

„Треба во владиниот тим и во ДУИ да има нови лица. На две седници на претседателството аргументиравме зошто луѓето потфрлуваат и дека треба да си одат“, рече Меџити.

Слични содржини