Познатиот актер Кевин Спејси се најде во неволја кога се појавија бројни обвинувања против него, поврзани со сексуално вознемирување.
Пред неколку дена во судот во Лондон почна неговото судење за 12 сексуални престапи за кои беше обвинет, а сега се појавија некои детали од судењето.
Вчера, на третиот ден од судењето, во судот беше пуштена снимка од разговорот меѓу неименуван маж и полицијата, на која мажот дава детали од неговата наводна средба со актерот, пренесува „Гардијан“.
Според гореспоменатите медиуми, мажот рекол дека работел во кафуле кога Спејси дошол, седнал до него на софата и се претставил. Кога младиот човек му рекол дека ќе оди во друго кафуле после работа за да се сретне со пријателите, Кевин наводно одговорил: „Кул, можеби ќе те видам таму“.
Кога пристигнал во второто кафуле, мажот понатаму тврди, слушнал како актерот го довикува, а до контактот наводно дошло кога отишол до ормарот каде што му стоело палтото.
„Во тој момент двапати ме бакна во вратот и ме фати за меѓуножјето. Двапати ми рече: ‘Биди кул, биди кул’“, рекол мажот, пренесува „The Guardian“.
На крајот, тој исто така рече дека го оттурнал актерот и му рекол дека „не игра за тој тим“, по што Спејси панично ја напуштил просторијата.
Како што објавија споменатите медиуми, судењето треба да трае околу четири недели, а актерот и неговиот адвокат ги отфрлија сите обвинувања.