Раперот и актер О’Ши Џексон, на сите попознат како Ајс Кјуб, потврди дека останал без работа вредна девет милиони долари бидејќи одбил да се вакцинира против коронавирусот.
Ајс Кјуб во подкастот „Million Dollars Worth of Game“ откри дека требало да биде во комедијата на Sony „Oh Hell No“, но не бил затоа што не сакал да ја прими вакцината против ковид.
„Го одбив тој филм затоа што не ја сакав проклетата вакцина. Одбив девет милиони долари. Не сакав да ме избодат. Не знам што мисли Холивуд за мене сега“, рече Ајс Кјуб на подкастот.
Подоцна во разговорот откри дека тој не бил тој што одбил, туку дека му забраниле.
„Не сакаа да ми дадат улога затоа што не сакав да се вакцинирам, не одбив да глумам. Ме одбија. Таа вакцина против Ковид, таа инјекција… не ми треба. Не ни добив корона на крајот“, заклучил Ајс Кјуб.