Мечка нападна маж во прилепско

Лицето било итно однесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

од Nikola Popovski
13 прегледи

Вчера мечка нападнала жител од прилепско, информираат од полицијата.

Според МВР, немилиот настан се случил во атарот на селото Рилево, додека жителот од селото Секирци собирал печурки.

-При нападот, мажот со иницијали И.М. се здобил со повреди на главата, вратот и градниот кош. Поради сериозноста на повредите, тој е итно пренесен во Скопје, на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, стои во полицискиот билтен.