Мечка влезе во двор на поранешен пратеник, бара помош за заштита на населението

од Nikola Popovski
603 прегледи

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Латиф Пајкоски синоќа се пожали на социјалните мрежи дека мечка влегла во дворот од неговиот дом во селото Жировница, општина Маврово и Ростуше. Тој порача дека не им преостанува ништо друго на граѓаните освен да се самоорганизираат со цел да се спречи некој да настрада.

Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме. Нема ова биде и едно од последните укажувања, напиша Пајкоски на својот профил на Фејсбук, објавувајќи ги фотографиите од мечката.

Инаку Националниот парк „Маврово“ е природно живеалиште на кафеавата мечка, животно кое е под трајна заштита на државата, согласно Законот за ловство и не смее да се лови.

Пред десетина дена, откриени беа три застрелани мечки во Маврово. На фотографиите кои ги објави Државниот инспекторат за животна средина, се гледаше депонија на која мечка и две нејзини мечиња се фрлени.

Инспекторатот информира дека добива пријави од граѓани дека непознати лица фрлаат отров за да убијат диви животни, што е недозволиво и казниво со закон, а многу чести се и пријавите за фрлен отров со цел несовесни граѓани да убијат кучиња скитници или мачки.

Слични содржини