Мечката што го гризна данскиот турист ги бранела своите мечиња

од Nikola Popovski

Мечката што денеска нападна дански турист на Попова Шапка, всушност ги бранела своите две мали мечиња. Мечката била исплашена и затоа скокнала врз туристот, при што гризнала за нога. Ова денеска го истакна првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Ангелов се уште нема информација со каква рана се здобил туристот, кој што бил пренесен до Тетовската болница.

-Имаме повеќе пријави за зголемен број на мечки во овој регион. Ќе иницираме средби со раководството на Националниот парк „Шар Планина“, со цел да се намали опасноста од средби со мечки. Тие овде природно припаѓаат. Да ги сведеме на минимум ваквите напади, рече Ангелов.

Се додава дека данскиот турист скијал надвор од обележаните патеки. Тој по санирање на повредата ја напуштил Тетовската болница.

Слични содржини