56
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ кој деновиве е во посета на Кина по покана на кинеското МНР, вчера остварил состанок во Џангџоу со Владата на Хенан. Како што информираат од Левица, тоа е провинција која брои речиси 100 милиони жители и има буџет од над 3 трилиони долари.
Мециновиќ информирал дека постои интерес во Хенан за увоз на македонско сортно вино и пласирање на истото на нивниот пазар.
Левица во своето соопштение додава дека од провинцијата Хенан потекнува кинеската цивилизација.
-Денес, провинцијата ја храни Кина како земјоделски, така и индустриски. Оттука потекнуваат скопските Јутонг автобуси, но и останати големи фабрички капацитети за производство, како оние за BYD автомобили, стои во објавата на опозициската партија.