Мециновиќ најави интерпелација за Тошковски доколку не си поднесе оставка за седум дена

од Nikola Popovski
863 прегледи

За нашите генерации мислам дека влегуваме во една фаза каде што оваа генерација се чувствува како нема веќе што да изгуби. Сме на дното во Европа, само Молдавија има полоши параметри. Субјективното чувство е очајно. Се чувствуваме како да живееме во најлошата држава во светот. Општеството е разбудено сето време. Политичарите се тие кои спијат. Баш оваа недела требаше да се покаже дека Собранието и пратениците не се отуѓени од оваа ситуација, рече вчера пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ за како понатаму по трагедијата во Кочани и што треба да се преземе.

Левица побара од властите да создадат безбеден и сигурен амбиент, а не дополнителен страв во најчувствителните денови од нашата историја. Мециновиќ вели дека има големи пропусти односно сведоштва за непотстапување на полицијата на денот на случувањата. Тој најави дека ќе поднесат интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, доколку тој самиот не поднесе оставка од функцијата.

-Баравме од министерот да си поднесе оставка за пропустите во јавниот ред и мир. Доколку тоа не го направи, за седум дена пратеничката група на Левица ќе поднесе интерпелација, рече Мециновиќ во емисијата „24 анализа“.

Според него, „овој систем го имаат направено поголемите партии и народот знае кој го создал“.

-Ние не сме владееле и не сме го создале, рече членот на Левица.

Слични содржини