Мециновиќ најверојатно во втор круг, имаме предност пред СДСМ во неколку општини во Скопје – велат од Левица

-Имаме информации дека во урбаните средини како што се Кисела Вода, Аеродром, Карпош сме втора партија веднаш после ВМРО-ДПМНЕ, со водство пред СДСМ, додаде Богевски

од Nikola Popovski
212 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Портпаролот на Левица, Круме Богевски вечерва истакна дека нивниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ најверојатно влегува во вториот круг од локалните избори. Рече дека исклучително се задоволни од резултатите кои што ги постигнуваат засега.

-Имаме информации дека во урбаните средини како што се Кисела Вода, Аеродром, Карпош сме втора партија веднаш после ВМРО-ДПМНЕ, со водство пред СДСМ, додаде Богевски.

Според него, Левица и во Велес има повеќе гласови за советничката листа од СДСМ.

-Во останатите општини, како на пример Кавадарци ни се зголемуваат советничките места од едно на две, кажа Богевски.

Според досегашните официјални податоци на ДИК, Левица нема водство во ниту една општина.